Сите дозволи поврзани со градењето се издаваат електронски

Bez autora
Nov 03 2013

Откако на 1 јуни годинава почна електронското издавање на градежни дозволи, од вчера и сите барања поврзани со градењето општините ги администрираат исклучиво по електронски пат. Хартиената форма заминува во историјата за барањата за издавање одобрение за употреба на градба и за проект, за измени во текот на изградбата, за промена на инвеститор, за одобренија за подготвителни работи, пренамена, реконструкција, адаптација како за издавање решение за изведување на градби за кои не е потребно одобрение за градење. Сите постапки предвидени со Законот за градење од 1 ноември одат исклучиво по електронски пат. Поднесувањето на барањата за овие постапки ќе се врши преку информацискиот систем е-одобрение за градење кој и до сега функционираше, кој е воспоставен преку интернет. Тој потенцира дека се отстранети сите проблеми и нејаснотии и сега системот добро функционира, за што доказ е тоа што преку него се издадени 205 одобренија за градење.

Сите дозволи поврзани со градењето се издаваат електронскиОткако на 1 јуни годинава почна електронското издавање на градежни дозволи, од вчера и сите барања поврзани со градењето општините ги администрираат исклучиво по електронски пат.

Хартиената форма заминува во историјата за барањата за издавање одобрение за употреба на градба и за проект, за измени во текот на изградбата, за промена на инвеститор, за одобренија за подготвителни работи, пренамена, реконструкција, адаптација како за издавање решение за изведување на градби за кои не е потребно одобрение за градење.

- Сите постапки предвидени со Законот за градење од 1 ноември одат исклучиво по електронски пат. Поднесувањето на барањата за овие постапки ќе се врши преку информацискиот систем е-одобрение за градење кој и до сега функционираше, кој е воспоставен преку интернет - вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Тој потенцира дека се отстранети сите проблеми и нејаснотии и сега системот добро функционира, за што доказ е тоа што преку него се издадени 205 одобренија за градење. Системот е едноставен, целокупната документација се доставува во електронска форма, а движењето на предметот може да се следи преку СМС.

- Очекувам дека со примената на овој систем сите постапки ќе бидат многу едноставни, многу брзо ќе се издаваат одобренијата за градење, што ќе придонесе и за подобрување на рејтингот на Македонија во делот на времетраењето за издавање одобренија за градење во извештајот на Светска банка Дуинг бизнисс - објаснува Јанакиески.

Постапките започнати пред воведувањето на електронскиот систем ќе продолжат да се водат по старо, а се очекува дека со електронското издавање времетраењето за добивање на дозволите ќе се скрати на 15 дена. Граѓаните кои немаат пристап до интернет за електронско поднесување на барањата ќе ги користат услугите на лиценцираната фирма која го прави проектот.

- Ова е еден исклучително важен проект кој покажа дека со добрата соработка на локалната и централната власт може да се реализира ваков значаен проект, е-одобрение за градење. На овој начин овој успешен проект успеавме да го доведеме до неговата оперативност. Имено, кога започна на 1 јуни, многу луѓе и многу општини беа скептични, но овој период покажа дека проектот е добар и дека целите се добро поставени - вели претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски, кој тврди дека и најмалата општина е подготвена за правење на одобренијата за градење по електронски пат.

Македонија е прва земја во регионот во која услугите во делот на градежништвото се даваат електронски. Германска фондација има иницијатива да додели средства за дел од земјите од регионот да го воспостават истиот систем.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik